Обвинителство во Велес истражува обид за убиство

Од:

Надлежен јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 26 години, поради постоење основано сомневање дека сторил во обид кривично дело „убиство“ и кривично дело „загрозување на сигурноста“. Поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело на осомничениот му е одреден 30-дневен притвор.

– Осомничениот на ден 1 април годинава околу 20:30 часот во објект на свињарска фарма со умисла се обидел да лиши од живот едно лице. Осомничениот во состојба на пијанство во која самиот се довел со количина на алкохол во крв од два промили, во моментот кога во објектот дошол оштетениот на истиот му се обратил со повеќе пцости упатени до него и неговото семејство. Потоа осомничениот извадил нож и со него на оштетениот му нанел неколку убоди нанесувајќи му со тоа телесна повреда. Потоа зел од објектот една секира и со истата се упатил кон останатите присутни заканувајќи им се дека ќе ги убие, со што ја загрозил сигурноста на оштетените, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Сметајќи дека постојат околностите кои укажуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело, Основното јавно обвинителство во Велес до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднесел предлог за определување на притвор против осомничениот, кој е прифатен и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Син нападна мајка во Велес

А1он

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали