Обвинителство: Убиениот арачиновец, во казиното пристигнал заедно со уште три лица, во видно алкохолизирана состојба

Од:

Дежурен јавен обвинител од скопското Основното јавно обвинителство изврши увид во казиното во Капиштец каде утринава беше убиено едно лице. По осомничениот за убиството сè уште се трага.

Според првичните сознанија, починатиот маж на возраст од 46 години, во казиното пристигнал заедно со уште три лица, во видно алкохолизирана состојба.

– Извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата започнал да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното. Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа со кундакот од пиштолот го удрил повеќе пати во пределот на главата. Жртвата им подлегнала на повредите на самото место. Се трага по лицето за кое постои сомнение дека го извршило убиството – соопштуваат од ЈО.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

– Ќе се врши вештачење на траги и докази подигнати од самото место и ќе се разговара со сведоци на настанот. Обезбедени се снимки од видеонадзорот на објектот, известуваат од ЈО.

Би можело да ве интересира

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери

Хорор во Србија: Ја мачел, ја исекол мајка си и деловите од телото ги ставил во замрзнувач

А1он

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он