Обвинителство од 2012 година знае дека Верушевски поседува службено оружје

Од:

Службеното оружјето за кое е поднесено обвинение против поранешниот прв разузнавач, Зоран Верушевски, не е нов факт за Обвинителството затоа што истото оружје било дел од постапка во 2012 година во која Верушевски се јавува како сведок.

На денешното рочиште за обвинението „недозволено изработување, држење и ракување со оружје“ кое му се става на товар на Верушевски, одбраната се повика на случајот од 2012 година во струшкиот суд и побара судот да ги прибави тие документи.

Верушевски, пак, во своето обраќање до судот, рече дека е изненаден и зачуден како Основното јавно обвинителство не знаело за неговиот пиштол кој е регстриран при претресот на неговиот дом во 2012 година во Струга. Тој праша зошто тогаш не бил гонет за незаконско поседување оружје, туку сега.

-Ќе останеме до крај на тоа дека обвинетиот не го сторил кривичното дело што му се става на товар и дека се работи за службено оружје. Се повикуваме на предметот од 2012 година, со целокупната комуникација и сите оригинали. Судот треба да ги прибави овие документи – изјави по рочиштето неговиот адвокат, Ангеле Илиевски.

Аргументот на одбраната во овој случај е дека Верушевски го поседува пиштолот како службено оружје и дека до сега од него не било побарано да го раздолжи, со што тој не може да се гони за нелегално поседување. Како што рече тој, пиштолот марка „црвена застава“ му бил даден на реверс уште во 1981 година кога е примен да работи како приправник во службите за безбедност.

-Овластувањето се добива кај службени лица со потпишување на реверсот за оружјето за кое се задолжени. Преку овој реверс ниту е повикан Верушевски да го врати оружјето, ниту пак е направена некаква иницијатива. Иако МВР и Агенција за разузнавање имаа службена комуникација од 2004 година. Во 2012 година повторно имале комунакција на оваа тема со струшкиот суд – рече Илиевски.

Првично против Верушевски беше покренато обвинение за нелегално поседување на две оружја, но во текот на постапката од обвинителниот акт беше отфрлен еден од пиштолите. МВР отпосле сфати дека дека оружјето му било подарено од службата за безбедност.

Верушевски му посочи на судот дека „црвената застава“ што е предмет на обвинението е од емотивна вредност за него и дека нема материјална и функционална. Тој му порача на судијата да го чува пиштолот откако обвинителот го предаде како доказен материјал. Забележа дека кај него не е пронајден пиштол, како што стои во обвинението, туку дека при претресот полицискиот службеник, негов поранешен студент, му рекол да ги приложи драгоцените предмети.

– Јас го извадив мојот паричник, и двата пиштоли кои ги имам затоа што тие се за мене навистина драгоцени работи кои го одбележуваат времето кое сум го поминал во службата – рече Верушевски.

Расправата беше одложена по барање на одбраната и презакажано нејзино продолжување на 15-ти јуни. Адвокатите рекоа дека немале време да се консултираат со обвинетиот. Пред два дена се одржа јавна расправа по предметот „Пуч“ во кој Верушевски е првосомничен за шпионажа, противравно прислушување и насилство спрема државни функционери.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Државата на Верушевски треба да му исплати по пет илјади денари за секој од 344 дена поминати во притвор во 2015 година

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

Синот на Зоран Верушевски ја снимал објавената снимка од разговрот со Заев

Кристијан Ландов

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов