Обвинителство: Глисерот е одземен за да послужи како доказ во постапката

Од:

Обвинителството за организиран криминал и корупција вели дека глисерот во Охрид е одземен за да послужи како доказ во постапката за изнудување рекет. Оттаму не одговараат на прозивките од сопственикот Марјан Грунчев, кој во изјава за „А1он“ вели дека му е одземен по грешка, ниту, пак, кажаа дали ќе му го вратат.

„Преземаме дејствија за расчистување на кривично-правниот предмет. Глисерот е одземен за да послужи како доказ во постапката,  согласно одредбите од Законот за кривична постапка. Со цел  да не се попречи на натамошното водење на истрагата, не сме во можност да споделиме повеќе детали“, велат од обвинителството.

Од обвинителството велат дека до овој момент истрагата не е проширена, односно сопственикот на глисерот не е опфатен во постапката за рекет.

Грунчев вели дека се познава со Кичеец, кој се возел во глисерот, и додава „Можеби затоа е дојдено до таква забуна“. Пловниот објект е огласен за продажба, а неговата цена е 50 илјади евра. Иако во огласот пишува дека се наоѓа во Охридско Езеро, одземениот глисер се наоѓа во магацините на охридската касарна.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Кај Елешец изгоре глисер на тетовец

А1он

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски