• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Обвинителот Бурим Рустеми ќе даде исказ за „Рекет“ во ОЈО

by А1он15/08/2019 - 07:5915/08/2019 - 13:12285
Share0

Обвинителот Бурим Рустем од Специјалното јавно обвинителство денеска треба да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“, откако од почетокот на неделава искази за случајот дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Добивај вести на вибер

Поради судењето за случајот „ТНТ“ каде Рустеми го застапува обвинението не се знае точно време кога ќе биде сослушан.

Обвинителката Лиле Стефановска заедно со нејзината шефица Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“. Од ЈО засега не откриваат дали и кога ќе биде повикана и Јанева.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера информираа дека согласно утврдениот план се преземаат истражни дејствија во насока на обезбедување на доказите и целосно расветлување на случајот „Рекет“ и дека е во тек финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба.

– Воедно, дел од одземените електронски уреди се вештачат, а за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини, соопштија од Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во интерес на постапката, се подлекува, нема однапред да споделува информации за дејствијата што ги презема во предметот, па така и за лицата што ги повикало или има во план да ги повика да дадат исказ.

Истрагата за „Рекет“ во Јавното обвинителство ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска.

Засега единствените осомничени за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски и Зоран Милески остануваат во притвор, откако вчера Кривичниот совет при Основниот кривичен суд им ја продолжи мерката за уште 30 дена.

Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец, Обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

obvinitelstvoreketsjo

Би можело да ве интересира

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 18:5418/01/2026 - 20:37

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Горан Наумовски15/01/2026 - 18:55

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:53

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски10/01/2026 - 15:2910/01/2026 - 15:58

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Горан Наумовски30/12/2025 - 16:58

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен