Тричковски: Михајловски ми се закануваше повеќе пати, се почувствував загрозен

Од:

Основното јавно обвинителство го гони актерот Тони Михајловски за закани упатени преку социјални мрежи за новинарот Бранко Тричковски.

Пред една година, Михајловски му се закани на Тричковски дека можел да го убие без око да му трепне. Тогаш, ЗНМ поднесе пријава до ОЈО.

„Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот“, соопштија од обвинителството.

Тричковски за „А1он“ вели дека Михајловски во континуитет му се заканувал, а тој во повеќе наврати се чувствувал загрозен.

„Тој се закануваше повеќе пати. Се почна од случајот со терористички напад во Куманово, па навака. Имаше негови закани поради кои јас во повеќе моменти се чувствував загрозен. Дадов изјава во Обвинителството. Ја поддржувам кривичен прогон за тоа лице“, рече Тричковски за „А1он“.

Тони Михајловски остана недостапен за коментар, по отворениот предмет на ОЈО. Тој на социјалните мрежи, пред една година, напиша „Би можел да го убијам Бранко Тричковски и око нема да ми трепне“.

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, вели дека ова е позитивен чекор на Обивинителството, бидејќи говорот на омраза мора да биде казнет.

„Мислам дека е позитивно, по целиот притисок што го вршиме јавно упатен кон Обвинителството за да почнат да ја работат работата за која се платени. Се додека тие не ги санкционираат ваквите непримерни однесувања во јавноста, до тогаш говорот на омраза ќе е присутен и последиците ќе бидат големи. Нашите институции дека мора да разберат дека говорот на говор не е слобода на говор, туку злоупотреба. Говорот на омраза сака да ги застрашува луѓето да не го кажуваат тоа што го мислат“, изјави Селмани за „А1он“.

Пред една година, по заканите за Михаловски, осуда стигна и од Министерството за култура, од каде исто така бараа кривична одговорност.

Кристојан Ландов

Би можело да ве интересира

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски

Ја киднапирале за пари – готово обвинението за убиството на Панче и Вања за четворица, таткото обвинет за помагање

Анита Петровска Рајковиќ