Обвинетите за „Монструм“ ќе се жалат на исказот на загрозениот сведок

Од:

Адвокатите на обвинетите за случајот „Монструм“, односно петкратното убиство кај Смилковското езеро најавија жалба на исказот на загрозениот сведок Е1 кој на минатите рочишта сведочеше за случувањата.

Како што велат адвокатите Насер Рауфи и Асмир Алиспагиќ, забелешките ќе бидат во насока на исказот за препознавањето на обвинетите лица и нивното движење за време на убиството и неколку дена претходно.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Убиен за 10.000 евра бидејќи се сомневале дека предал дел од обвинетите за „Монструм“

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски