Обвинетиот во „Диво насеље” Халачи и пратил материјали на Фетаи за случајот ,,Монструм”

Од:

Обвинетиот во случајот „Диво Насеље“ Шефчет Халачи, во јуни оваа година и испратил прислушувани материјали на обвинителката Фатиме Фетаи, поврзани со случајот „Монструм” за петкратното убиство кај Смилковско езеро.

Халачи и се јавил на Фетаи и и кажал дека има 140 гига бајти прислушувани разговори кои тој ги праќал и на Ел Чека, таа му кажала тие снимки да ги испрати и до поранешното Специјално јавно обвинителство.

Обвинителката Фетаи појасни дека меѓу снимките што и ги пратил Халачи, покрај за „Монструм”, има материјали и за други случаи што ги водеше поранешното СЈО, а сега ги води Обвинителството.

Овие снимки јавноста веќе ги има слушнато и тоа се разговорите кои ги воделе бизнисменот Орце Камчев и новинарката Оливера Трајковска за овој случај,

Фетаи на денешното рочиште за „Монструм“ истакна дека сите материјали кои ги добиле во СЈО од Халачи, се предадени на Судот.

Судењето за „Монструм“ е во тек, се чита документацијата што е изработена од извршениот увид.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Никогаш нема да ја заборавиме жртвата на загинатите полицајци во Диво Насеље

Единаесет години од „Диво насеље“- Куманово се сеќава на загинатите херои

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Убиен за 10.000 евра бидејќи се сомневале дека предал дел од обвинетите за „Монструм“