Oбвинетата за лажни лични карти стана адвокатка

Од:

Обвинетата во предметот на СЈО „Титаник“ Билјана Бришкоска Бошкоски стана адвокатка. Таа е една од 45 адвокати кои вчера се здобија со лиценца во септемвриската сесија за 2018 година. Адвокатите на свеченост дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придржуваат на Уставот, законодавството, меѓународните договори и актите на Адвокатската комора.

Вчера претседателот на Адвокатската комора Љубомир Михајловски, на новите адвокати им посака успех на сите адвокати во Македонија. Според обвинението на СЈО, обвинетата Бришкоска Бошковски од позиција заменик министер во Владатаи претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, прифатила да превзема дејствија со кои незаконски ќе бидат запишани лица со избирачко право од една во друга изборна единица во која според проценките на создателите на групата има потреба од поголем број на сигурни гласачи.

СЈО тврди дека таа организирала да се направат лажни јавни исправи без знаење на лицата по потекло од општина Пустец. Обвинета е за 2 кривични дела: злосторничко здружување и фалсификување исправа.

Васко Маглешов
Фото: Академик

Би можело да ве интересира

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

За адвокатот на еден од осудените од групата од Грчец не се законски обезбедени докази од апликацијата Скај