Обвинет во слујачот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, Леко Ристовски денеска на Апелација си го бара пасошот назад. Тој изјави дека е вознемирен што е во судница, а опасноста од бегство била смешна.
Неговиот адвокат, Димитар Дангов смета дека кривичната санкција не треба да се зема како единствена околност за одземање на пасошот на обвинетиот и дека образложението на судот за одлуките за одземање пасоши на 16 лица се копи пејст.
Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски рече дека одлуката на Судот е правилна и дека станува збор за сложен предмет со 21 обвинет.
Според него, мерките за одземање пасоши и јавување во Судот се ценети индивидуално и нагласи дека не е исто да крадеш струја и да учествуваш во злосторничко здружение.
Александар Тодески