Фејзи Азири, обвинет во случајот „Монструм” за петкратното убиство кај Смилковско езеро, на денешното рочиште се пожали на судијата Огнен Ставрев дека имал закани по живот од страна на полицаецот кој го спроведува од затворот во Штип до Кривичниот суд.
Азири исто така кажа дека лисиците му биле врзувани одзади иако уште во 2014 поднел барање да не се врзува бидејќи не можел да издржи поради неговата болест.
– Имам смртни закани од полицаецот кој ме носи во суд. Викаш дека ќе ни даде по еден куршум во глава и да заврши со сите нас. Лисиците исто така ми ги ставаат од позади, јас сум болен и тоа не можам да го издржам, рече обвинетиот Фејзи Азири.
По овој исказ на Азири припадникот на затворската полиција изјави дека ништо од тоа не е точно односно дека не упатил никакви закани до Азири, ниту пак до некој друг обвинет.
Азири побара да биде преместен во затворот во Скопје бидејќи не можел повеќе да го издржи патувањето од другите градови.