Обвинението на СЈО за „Трезор“ заглави во Апелација

Од:

Поради приговор на адвокатите во случајот „Трезор“, обвинението сè уште не го оценил Советот за оценка на обвинителниот акт при кривичниот суд, објави „Макфакс“.

Адвокатите на одбраната, поднеле жалба на обвинението на СЈО за предметот со проневерата на пари за набавката на софтверот од странство за потребите на Петтата управа.

За овој случај, во фаза на оценка на обвинението, за процесните прашања одлучувале и апелационите судии. Одлуката на скопска Апелација по приговорот на адвокатите на одбраната е донесена, а обвинението е вратено на оценка кај тричлен совет судии во кривичниот суд.

Оттаму за „Макфакс“ потврдуваат дека за „Трезор“ сè уште обвинението не е оценето.

„Предметот за кој прашувате е на надлежно постапување пред советот за оценка на обвинителен акт и по донесена одлука странките во постапката ќе бидат известени“, велат од Кривичниот суд за „Макфакс“.

СЈО за овој предмет објави дека има докази на 14 страници, како и сведоци. Во овој предмет обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски кој е во екстрадициски притвор, ексшефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и помошник-министерот во МВР и поранешен член на Управен одбор на Телеком, Небојша Стајковиќ, дека проневериле државни пари за набавка на опрема за лично богатење.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Шврговски: Судот донесе законита и правична одлука за „Трезор“

Горан Наумовски

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Се менува кривичното дело за ,,Трезор”, Мијалков добива послабо обвинение

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски