Обвинение за ланското убиство во угостителски објект во Кичево

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против едно лице за сторено кривично дело „убиство“. Со поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.

Како што соопшти Јавното обвинителство, станува збор за немилиот настан од 29 декември 2018 година кога обвинетиот околу 17.00 часот во угостителски објект во Кичево со умисла го лишил од живот сопственикот на објектот.

Без посебен повод и причина, откако претходно разговарале за негово работно ангажирање на некоја работа, обвинетиот го нападнал оштетениот, нанесувајќи му смртоносни убоди со нож.

Би можело да ве интересира

Нови докази од истрагата за „ботоксот“: Обвинителството покрена истрага против две лица

Поранешна британска министерка е убиена со 21 удар со чекан во глава

А1он

Ја уби партнерката, па ја преплива реката Драва – го фатија близу местото на злосторството

А1он

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

30-дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски

Горан Наумовски

Обвинителството располага со цврсти докази за сопружниците за убиството на лекарот Ацо Трпкоски, мотивот ќе се истражува дополнително