Обвинение за кавадарчанец кој со тесла си го уби братот на негов роденден, тајно го закопа и се обиде да го прикрие убиството

Од:

По спроведената истрага, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело убиство.

„Обвинетиот 43-годишник, на 27 јули годинава од користољубие го убил својот помлад брат. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од тесла го удрил брат му по главата, а кога оштетениот паднал, уште два пати го удрил со теслата, нанесувајќи му моментални смртоносни повреди.

Потоа обвинетиот си заминал, а следниот ден се вратил во домот на оштетениот и телото го префрлил во бањата. Во следните неколку дена исто така се враќал за да го прикрие делото, ја бришел крвта од подот и од предметите, а телото го пренел во шупата, го затрупал во ров и врз него ставил шперплоча и други предмети. Во периодот од 30 јули до 5 август кога било откриено телото, обвинетиот во повеќе наврати повлекувал пари со банкарската картичка на жртвата. Јавниот обвинител, со поднесеното обвинение, побара продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

„Евростат“: Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ

Ново апсење во случајот со убиството на Илијан Филипов

Горан Наумовски

Убиство во Будва: Странски државјани вмешани во пукањето

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски