А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Обвинение против две лица кои пренесувале дрога преку Охридското Езеро

by А1он26/12/2018 - 18:41231
Share0

По спроведена истрага против четири лица, Обвинителството поднесе обвинителен акт за двајца македонски државјани за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Од Обвинителството велат дека осомничени биле и двајца државјани на Албанија, од кои за едниот била запрена кривичната постапка бидејќи немало докази, а за другиот кој е недостапен за ограните, издадена е наредба за прекинување на истражна постапка која ќе продолжи по неговото пронаоѓање.

Следете a1on на Instagram Instagram

Двајцата обвинети, со засега непознато лице и осомничениот кој е недостапен, во текот на месец февруари, минатата година договориле неовластено купување заради продажба на наркотична дрога – марихуана. Според договорот, дрогата требала да биде пренесена од Албанија до Македонија по водите на Охридското Езеро. Непознатото лице ја пренело дрогата сместена во пет вреќи, со моторен чамец до брегот во близина на струшкото село Калишта и ја предал на лице кое е веќе осудено за истиот настан. Осудениот потоа се договорил со обвинетите да им ја предаде дрогата, но не успеал. Во моментот кога се упатил кон договореното место бил запрен од страна на полициски службеници од СВР Охрид и по извршен претрес, на задното седиште во возилото со кое ја пренесувал дрогата биле пронајдени 14 пакувања наркотична дрога – марихуана со различна тежина, со вкупна нето маса од 38,955 килограми.​

drogahronikaohrid

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 13:19

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Катерина Ѓуровски05/11/2026 - 10:53

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски04/11/2026 - 14:4204/11/2026 - 14:43

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски04/11/2026 - 13:1804/11/2026 - 14:42

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Катерина Ѓуровски04/11/2026 - 12:36

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Горан Наумовски03/11/2026 - 08:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео