Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 51-годишна жена за кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

– Обвинетата на 9 декември, на булеварот „Александар Македонски“, неовластено држела пиштол марка „застава“ со калибар 9мм PARA M88, една рамка со пет куршуми за тој пиштол, и една празна рамка. Со оружјето била затекната од полициски службеници на бензинска пумпа, соопшти државното Јавно обвинителство.

Јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата за која, како што наведува ЈОРСМ, постојат околности кои укажуваат на опасност да избега или да го повтори делото.​

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче