Обука и тактичко-показна вежба на ДЗС и Македонски шуми

Од:

Во Кавадарци и реонот на висорамнината Витачево денеска ќе се одржи обука и тактичко-показна вежба на Дирекцијата за заштита и спасување и на вработените во ЈП Македонски шуми.

Вежбата ќе опфати обука за гаснење пожар на отворен простор на вработените од ЈП Македонски шуми во објектот СОЗШУ „Ѓорче Петров“, крај езерото на висорамнината Витачево, како и тактичко-показна симулациска вежба за гаснење пожари на отворен простор со вклучување тимови и специјални возила за гаснење шумски пожари во шумскиот дел на висорамнината Витачево.

Предвидена е и тактичко-показна симулациска вежба во соработка со Авио одделението на ДЗС и вработените на ЈП Македонски шуми.

Би можело да ве интересира

Левица: Неспособната влада повторно ги остави на цедило вработените во ,,Македонски шуми”

По гинеколози на конкурс се бараат и дрвосечачи Албанци, и тоа во Берово

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Граѓаните и оваа година ќе имаат недостаток на огревно дрво

Вработен во „Национални шуми“ со измама и фалсификувани документи заработи над 100.000 евра

Трипуновски: Власта вработила 480 лица во ЈП Македонски шуми, за да се зголеми ефикасноста на претпријатието, а резултатот е под нула

Две третини од домаќинствата имаат автомобил, велосипед секое трето

А1он