Од 1 јули целосна забрана за движење во шуми

Од:

Од 1 јули до 31 август се воведува забрана за движење во шумите и шумските подрачја. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кое управуваат.

– Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор, информира денеска ресорното Министерство.

За непочитување на забраната, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, ќе им биде изречена глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

Би можело да ве интересира

Уапсени 15 лица: Вработени во МВР, ЈП Национални шуми, Министерството за земјоделие

Предраг Петровиќ

Полициска акција против „Шумската мафија“ во Берово, Пехчево и во Делчево

Кривична против шест вработени во „Национални Шуми“ – го оштетиле претпријатието за над 170.000 евра

А1он

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите

Левица: Неспособната влада повторно ги остави на цедило вработените во ,,Македонски шуми”