Повеќе часови, до доцна синоќа траеше испрашувањето на заштитениот сведок Е1, во случајот „Монструм“.Неговиот исказ треба да има одлучувачка улога дали ќе биде поднесено обвинение против осомничените за монструозното петкратното убиство кај езерото во Смилковци во месец април.
Истражниот судија, Владимир Туфегџиќ, вели дека заштитниот сведок го давал својот исказ пред присутните во судницата на монитор, гласот му бил модифициран, а ликот заматен.
Никој, според Законот, не објавува или пренесува, што кажал, и колку неговата изјава квалитативно ќе влијае на истрагата и покренување обвинителен акт.
Бранителите во салата поставувале прашања, а сведокот тоа го слушал и одговарал преку видеоврска. Идентитетот на заштитениот сведок не им е познат ниту на адвокатите.
Краен рок за поднесување обвинение е крајот на месецов, во спротивно, осомничените кои се во притвор треба да бидат пуштени на слобода.Од обвинителството велат дека имаат цврсти докази.
МВР како директни осомничени за ликвидацијата на петтемина кај Смиљковското езеро, ги посочи Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, но тие се во бегство.
Во притвор се Фејзи Азири и Рами Сејди како и несудениот заштитен сведок каки Хаизи, кој првично требаше да ја има улогата на клучен сведок, но потоа доби кривична пријава .
На 12 април годинава беше извршено убиство на петмина лица со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје. Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.