Облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет

Од:

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје слично време, облачно со слаб ветер од северозападен правец. Врнежи од дожд ќе има во ноќните часови. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Нов влажен бран ќе има во четврток во ноќните часови и во петок кога повторно наместа врнежите ќе бидат пообилни и над 35 литри на метар квадратен воден талог. Поради спуштање на постуден воздух на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, а ќе се формира и снежна покривка особено во западните делови.

Во петок ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од пет до 10 степени. Потоа следува стабилно и суво време со умерен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски