Облачно со дожд и до 40 литри на квадрат

Од:

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, како и на југоисток каде локално се очекува да наврнат и над 40 л/м2 за период од 24 часа.

Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од осум до 15 степени.

Во Скопје слично време, облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

До петок нашето подрачје се уште ќе биде под влијание на серија влажни бранови кои ќе предизвикаат претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. Пообилни врнежи се очекуваат повторно во петок и тоа особено во западните и источните делови од земјата.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска