Облачно и дождливо време во текот на викендот

Од:

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Повеќе врнежи се очекуваат попладне, а снег е можен на повисоките места, особено во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Следува период на претежно облачно време со слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на студен воздух од север, в недела и в понеделник ќе има услови врнежите да преминуваат во снег и на некои пониски места. Повеќе врнежи ќе има во северозападниот дел од земјава.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски