Објавени се резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2023-2024

Од:

Министерството за образование и наука соопшти дека дека се објавени резултатите од конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2023-2024 година.

Учениците кои се стекнаа со правото на користење стипендија треба да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија (договорите се објавени заедно со резултатите од конкурсите) и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до 29.12.2023 да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

Одбиените кандидати, пак, ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

Решенијата и за прифатените и за одбиените апликации се изработуваат во моментов и ќе бидат испорачани во следниот период.

За било какви дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на: https://vlada.mk/node/35557, a прашања може да се поставуваат и на електронската адреса [email protected].

Би можело да ве интересира

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Објавени се резултатите за социјалните стипендии и за запишаните во дуалните паралелки

Горан Наумовски

МОН објави резултати од конкурсот за доделување ученички стипендии за учебната 2025-2026 година

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Почнува аплицирањето за студентски стипендии