Објавени имињата на седумтемина преживеани патници во автобуската несреќа

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги објави имињата на седумтемина преживеани патници од автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во близина на Перник, Бугарија.

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија доби официјална потврда од надлежните институции на Република Бугарија за седум повредени патници во автобуската несреќа на автопатот “Струма”, близу Софија. Го споделуваме списокот на повредените патници, кои се наоѓаат во добра здравствена состојба, и во моментов се хоспитализирани во софиската државна болница “Пирогов”, напиша Османи.

Најмладата преживеана има 16 години, додека најстариот има 50 години. Петмина се од Македонија, едно лице е од Србија и едно државјанин на Белгија.

1. Ебип Пајазитовски (24.09.1972), државјанин на Северна Македонија
2. Ѓула Јашаровска (16.06.1972), државјанин на Северна Македонија
3. Зулејха Јашаровска (12.05.2005), државјанин на Северна Македонија
4. Минир Јашаровски (06.01.1971), државјанин на Северна Македонија
5. Медина Љутвиј (21.05.1996), државјанин на Северна Македонија
6. Љуљзим Сулејмани (04.05.1995), државјанин на Србија
7. Орхан Алити (12.04.1976), државјанин на Белгија

Би можело да ве интересира

Камион усмрти велосипедист во Куманово

Возачот е виновен за сообраќајката на „Струма“, бугарското Обвинителство ја заврши истрагата

А1он

Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

А1он

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Ана Ололовска

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

А1он

Трагедии, пожари, избори, заминување на Заев, Европско во фудбал – Македонија во 2021