А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Објавен списокот на фирми што зеле државна помош, а не исплатиле плати за ноември

by А1он04/01/2021 - 12:5304/01/2021 - 12:541104
Share0

Владата ја објави ажурираната анализа на неисплатена државна помош за ноември за минимална плата од стана на работодавачите корисници на оваа помош.

Следете a1on на Instagram Instagram

Компаниите на кои им е исплатена државна помош за минимална плата, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени се достапни на: https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/neplateno_2020_11.pdf

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во саботата објави дека платата за ноември 2020 година не ја примиле 782 вработени од 245 работодавачи кои користат финансиска помош од државата како една од владините мерка за справување со пандемијата од Ковид-19.

Следете a1on на Youtube YouTube

За ноември минатата година поднесени се 13851 барања и на 13 178 работодавачи е исплатено 1.028.448.344 денари за вкупно 65 950 вработени.

За 245-те работиодавачи се изготвени опомени за неисплатена плата, а ако не ја исплатат во рок од една седмица ќе следи присилна наплата на плата со блокада на нивната сметка и пренос на трансакциските сметки невработените лица. Во ноември 351 работодавец исплатиле плата по опомената на УЈП, информираше Лукаревска.

Од компаниите кои не исплатиле плати во ноември, 43 се од дејноста трговија на мало кои не им исплатиле на 84 вработени, 37 фирми за подготвување оброци и служење храна и не им исплатиле на 108 вработени, а 22 фирми се од транспортот кои не исплатиле плати на 127 работници. Најмногу од фирмите се од Скопје 73, потоа Тетово 22, Гостивар 10 и други, кои не исплатиле плати на своите работници.

Злоупотреби на државната помош за исплата на плати имаше и во месеците од вториот квартал, по што кај компаниите кои не ја исплатиле платата за април, мај и јуни 2020 година, е спроведена присилна наплата за исплата на плата. Со состојба 3 декември 2020 година априлската плата сè уште не ја исплатиле 50 компании за 108 вработени, платата за мај не ја исплатиле 38 компании за 66 вработени, а за јуни 64 компании за 160 вработени. Вкупниот број компании кои не исплатиле за еден два или три месеци е 125 и за нив се доставени податоци во ЈО за поведување кривична постапка.

ujpvlada

Би можело да ве интересира

УЈП ја почнува третата фаза од проектот е-фактура

Катерина Ѓуровски04/06/2026 - 09:48

Приведен Стефан Богоев и повеќе лица осомничени дека го искористиле своето влијание, положба и углед за стекнување имотна корист од големи размери

Предраг Петровиќ02/06/2026 - 16:5202/06/2026 - 17:07

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски31/05/2026 - 14:0131/05/2026 - 16:20

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Горан Наумовски30/05/2026 - 13:16

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски27/05/2026 - 21:2827/05/2026 - 21:33

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Горан Наумовски26/05/2026 - 10:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто