Објавен конкурс за доделување 880 стипендии на средношколци Роми

Од:

Министерството за образование и наука за учебната 2018/2019 година ќе додели 880 стипендии за ученици Роми од јавните и приватните средни училишта, во пет категории. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Аксел Ахмедовски.

Тој посочи дека ромската заедница, особено младите, го сфатиле значењето на образовниот процес и додаде оти секоја година се зголемува бројот на ученици запишани во средно образование и во високообразовните институции.

-Кабинетот кој го раководам почна со подготовка на национален акциски план за култура кој е во согласност со Стратегијата за Роми и е во насока на зачувување на ромската култура и традиција. Со цел да се обезбеди активно учество на граѓанскиот сектор во процесот на подготовката на овој стратешки документ, кабинетот објави јавен повик до сите ромски културно уметнички здруженија, уметници и културни работници и со оваа активност ќе се обезбеди и дата на база за вакви здруженија и културни работници, рече Ахмедовски.

Овој повик е објавен на веб страницата на министерот без ресор и отворен до 30 ноември годинава. Ахмедовски ги повика сите заинтересирани да се пријават на повикот.

Директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на припадниците на помалите етнички заедници Милутин Станчиќ соопшти дека годинава се предвидени 880 стипендии, а лани биле предвидени 752 стипендии, а од нив биле доделени 736.

-Конкурсот оваа година ќе трае до 12 декември 2018 година.Во првата категорија се предвидени 200 стипендии за ученици, во втората 320, во третата 160, во четвртата 50 и во петата категорија со успех до 2,99 се предвидени 150 стипендии. Средствата за овие 880 стипендии целосно се обезбедени од Управата за развој и унапредување на образованието на припадниците на помалите етнички заедници, како орган во состав на МОН и вкупниот износ е 10 милиони 980 илјади денари, рече Станчиќ.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска