Објава за киднапери на деца направи паника – МВР демантира, ниту едно дете не е одземено, веста е лажна

Од:

На социјалните мрежи ноќеска масовно се споделуваше фотографија за наводни киднапери на деца кои се движат низ Македонија. Кружеа драматични апели да внимавате на децата, некои добронамерно го споделуваа апелот.

Дури се одеше во детали дека лицата наводно последен пат се видени во близина на скопско Батинци каде се обиделе да киднапираат две девојчиња.

„ИЗВЕСТУВАЊЕ! ОВИЕ 5 ДУШИ СЕ КИДНАПЕРИ НА ДЕЦА! И се движат моментално околу Скопје, поточно Батинци!. Денес имаше обид за грабнување на моите 2 внуки, но за среќа неуспешно. Затоа апелирам до сите граѓани овие лица ако некој ги види да ги пријави во полиција!. СПОДЕЛИ!!!!“, вели еден корисник на Фејсбук.

Од МВР ја демантираат ова вест и велат дека досега до нив не е поднесена никаква пријава во врска со обид за грабнување или грабнување на дете. Вакви пријави немало ниту изминатиов период и дека се работи за лажна вест која ги вознемирува граѓаните.

„Министерството за внатрешни работи ги демантира лагите кои некои лица ги пласираат преку социјалните мрежи за некакви наводни киднапери. Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните. Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните“, велат од МВР.

Голема е бројката на лица кои вечерва поверуваа дека во група од пет лица киднапираат деца и дека треба да се внимава.

Под објвите можеше да се прочитаат коментари во кои се повикува полицијата да интервенира.

 

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

МВР: Кривична за 38-годишен скопјанец кој со нож си ја уби невенчаната сопруга

Горан Наумовски

Кривични пријави против екс вработени во МВР за злоупотреба на службена положба и овластување

А1он

Возел со 2,28 промили алкохол во крвта, бегал од полицијата

Лекари, вработени во клиники, адвокати меѓу осомничените за измамите со парите за туѓа нега и инвалидски пензии

Катерина Ѓуровски

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила