Обилни врнежи од дожд

Од:

 Обилни врнежи од дожд денеска попладне најавува Управата за хидрометеролошки работи. Локално се очекува да наврнат и над 30 литри на метар квадратен.

Најмногу врнежи ќе има во западните и во северните делови од државата. На повисоките планини ќе врне снег, но во текот на ноќта и во утринските часови во четврток, поради продор на постудена воздушна маса снежната граница ќе се спушти и до илјада метри надморска височина.

Во четврток ќе дува умерен, на места засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на облачноста, престанок на врнежите и опаѓање на дневната температура.
Преодно стабилизирање на времето со благ пораст на дневната температура ќе има в петок и сабота. 

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска

Обилни врнежи од дожд

Од:

Во Македонија денеска и утре ќе има врнежи од дожд кои на места ќе имаат пообилен карактер. Во источните делови ќе биде нестабилно облачно со поројни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на ситен град. Локално се очекува да наврнат повеќе од 40 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во среда ќе има повремен слаб дожд, а на планините заради заладувањето ќе има слаб снег.

Во соопштението се наведува дека со оглед на тоа што се очекуваат нови врнежи, има услови за излевање на помалите водотеци во Струмичко, Радовишко, Валандовско и Гевгелиско, како и на реката Струмица, во подрачјето на Сушево и Ново Село.