Обилен дожд и снег на планините

Од:

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите од дожд поинтензивни ќе бидат во јужните и источните делови каде на места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен воден талог. На планините врнежите ќе бидат од снег и висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти до 1000 метри надморска височина.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура до седум и дневна до 10 степени.

Врнежи ќе има и во понеделник, но тие ќе бидат со послаб интензитет.

Од вторник утрата ќе бидат посвежи со минимални температури околу нулата.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он