Обидите на ДУИ преку Таравари да предизвика земјотрес се целосно неуспешни, велат од ВРЕДИ

Од:

ВРЕДИ денес повеќе од кога било го потврдува своето политичко и институционално единство. Сите наши партии и претставници се синхронизирани во визијата, целите и одлуките. ВРЕДИ е обединето тело кое дејствува одговорно кон граѓаните и со решителност на политичката сцена, веалт од партијата.

– Обидите на ДУИ преку Таравари да предизвика земјотрес во ВРЕДИ се целосно неуспешни. Обидот за поделба се претвори во политички бумеранг за самите автори. Ова докажува дека ВРЕДИ не е случајна коалиција, туку сериозен политички проект со силна основа и јасна визија за иднината.

Денес, ВРЕДИ гарантира стабилност со бројки во владата, како важен столб на парламентарното мнозинство и новиот пат на управување што се воспоставува во земјата. Ние сме посветени на унапредување на интересите на албанците, борба против корупцијата и овозможување државата да биде функционална за сите граѓани.

Во наредните денови се очекуваат нови политички случувања што дополнително ќе ја зајакнат водечката улога на ВЛЕН во албанскиот блок и ќе ја позиционираат како авангардна сила на промените на албанската политичка сцена.

ВРЕДИ не се плаши од старите политички превирања. ВРЕДИ е токму земјотресот што го соборува скапаниот систем на ДУИ и го носи новиот дух на достоинствено, чесно и храбро претставување, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис