Обезбедувањето на Вељаноски при упадот во Собранието комуницира со обвинетиот Никола Митревски Кољо

Од:

Денешното рочиште за „крвавиот четврток“ односно насилниот упад во Собранието кој се случи на 27 април минатата година, продолжи со разгледување на видео снимките од собраниските простории. На снимката од камерата која е поставена во холот кој води до прес центарот може да се види како обвинетиот Горан Ѓошевски, поранешен шеф на обезбедувањето на експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, се поздравува и комуницира со обвинетиот Никола Митревски Кољо преку гестикулации со рацете по што поголема група граѓани се упатува кон прес салата.

Од иста снимка може да се забележи како во 18:45 часот обвинетите Иван Цветановски, Стефан Младеновски, Младен Додевски, Никола Митревски Кољо, Младен Додевски, Дејан Давидовски, Митре Питроповски, Михаил Младеновски, Игор Југ, Захарие Димовски, Иван Михајловски и Горанчо Ангеловски, од кои голем дел од нив со фантомки, неколкупати одат во правец на прес салата и се враќаат кон холот Лаборес од каде влегуваше толпата граѓани.

Од снимките јасно се гледа како некои од обвинетите на граѓани им го покажуваат правецот кон прес центарот каде беа нападнати пратениците.

Во дел од оваа толпа која влегува е и обвинетиот Мунир Пепиќ, кој пред да се упати кон прес центарот, отвара три врати кои ги поврзуваат Собраниските ходници по што, како што нагласи обвинителката, го проверува теренот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он