Ние од Обединети за Македонија, повикуваме да престане тортурата врз Кежаровски и да му се овозможи да се брани од слобода, побара партијата преку соопштение.
„Совршено ни е јасно оти пораката од власта е дека можат да го затворат секого кој не ја прифаќа нивната вистина. Пораката е сфатена, но ова е веќе премногу, апелираме да престанат додека не уништиле уште едно семејство“, соопшти Обединети за Македонија.