О2 иницијатива: Зошто граѓаните, а не фирмата, ја пријавиле токсичната хемикалија во „Охис“?

Од:

Граѓанската иницијатива за чист воздух „О2“ на социјалните мрежи излезе со реакција по повод денешниот инцидент во „Охис“, кога се излеаја 6 тони вода во кој имало елементи на токсичната хемикалија ‘метил акрилат мономер’.

Тие го прашуваат Државниот инспекторат за животна средина, зошто фирмата „Еко центар 97“ не пријавила согласно протоколот по кој требало да постапува во случај на хаварија.

„Хаваријата на Арцерол Миттал беше пријавена од граѓани, кога Вардар пожолте, а не од одговорните во челичарата. Сега повторно граѓани пријавуваат зошто смрди, ги печат очи, грло, а не „Еко центар 97“. Граѓаните НЕ ТРЕБА да се тие кои треба да пријават хаварија која инволвира опасен отпад, токсични хемикалии, зошто ги гледаат, чувствуваат последиците од неа. Одговорните во фирмите, фабриките, погоните се тие кои треба веднаш да пријават до сите надлежни“, велат од О2 иницијативата.

Тие очекуваат највисока казна за фирмата – една за инцидентот, втора за непријавување и непостапување според протокол и кривична пријава, а воедно бараат и проверка за начинот на кој работи фирмата.

Инцидентот се случи попладнево во кругот на „Охис“, а од инспекторатот изјавија дека при миење цистерна во која требало да се изнесе  ‘метил акрилат мономер’ надвор од државата како опасен отпад, пукнала цевка и на тој начин се излеале oколу шест тони вода со елементи на опасната хемикалија, но не се знае во која количина имало останато токсична материја во водата.

Подготовката за извозот на опасниот отпад ја вршела фирма избрана на тендер, „Еко центар 97“.

„Истечена е вода од цистерна во која бил претходно складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната, фирмата имала обврска истата да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот и затоа се почувствувала непријатна миризба во околината. Со анализи надвор од земјава треба да се утврди дали и колку елементи на метил акрилат мономер имало во водата“, изјавија од Министерството.

Би можело да ве интересира

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4

Казни за четири фирми и за сопствениците на парцелите за опасниот отпад во Орман

Пожар избувна во ОХИС, гори оџак и дрвна маса

Орце Костов

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција

Катерина Ѓуровски

Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од нашата државата

(ВИДЕО) Ковачевски: Со отстранувањето на линданот од „ОХИС“ ги решаваме наследените еколошки проблеми

Ана Ололовска