O2 Иницијатива: Фабриката „Усје“, најверојатно најголемиот индустриски загадувач во Скопје

Од:

Фабриката „Усје“ – најверојатно најголемиот индустриски загадувач во Скопје. Чадот од високите оџаци ја формира типичната покривка која се движи над градот како плашт кој нè гуши. Дополнително, не знаеме кое е нивото на најопасните диоксини и фурани, тешки метали, флуороводороди, хлороводороди кои се ослободуваат во поголема мера кога се гори отпадот како од Адиент, Штип, фабриката за тапацир и производство на навлаки за автомобилски седишта, некоја мешавина од винил и текстил, потоа пластика, отпад од пакување, итн. Ова мора да е еден од приоритетите на секој кој сака да го намали аерозагадувањето во градов, се вели во постот на O2 Иницијатива.

„Усје треба да користи најдобро достапни техники, кои ќе овозможат намалување на загадувањето, како префрлање на гас во своите процеси (да, можно е, изгуглајте си) и многу подрастично ограничување на она што може да го испушти во воздухот. Впрочем, со милионски профити годишно ова треба да е нивна ОБВРСКА, а не да им се овозможи и понатаму да ни го приредуваат ова што сликите ЈАСНО го покажуваат.

Со оглед дека 95% од акциите ги поседува холандскиот Титан, TITAN CEMENT Netherlands B.V., а профитот што го направиле во изминативе 20-ина години е над 500 милиони евра, го повикуваме амбасадорот на Холандија, Dirk Jan Kop Embassy of the Netherlands in North Macedonia, да изврши потребно влијание врз нивната компанија која го поседува Усје, да инвестираат во користење на гас во нивните производни процеси и постават најсовремени филтерски системи кои ќе го минимизираат ова што ни го прават со децении. Секако да постават и 24ч мониторинг на емисиите, достапен за јавноста, што е задолжително согласно европските стандарди и податоците од мерната станица поставена во дворот на фабриката да бидат исто 24ч достапни за јавноста. Редно е“, напишаa од O2 Иницијатива.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола