Нуредини засега нема информации за причините за намалување на нивото на Преспанското езеро

Од:

Формирана е работна група од експерти од Република Северна Македонија, Албанија и од Грција за намалување на нивото на Преспанското езеро, а веќе наредниот понеделник ќе имаат и средба, на која ќе присуствува и градоначалникот на Преспа, најави денеска од Свети Николе министерот за животна средина, Насер Нуредини.

Тој засега нема конкретни информации, за причините за намалување на нивото на Преспанското езеро.

– Не би сакал да шпеклирам, штом ќе имам детални информации, тогаш ќе можам да ве известам за тоа кои се причините за намалувањето на нивото на Преспанското езеро, вели Нуредини.

Тој потенцира дека на езерата во нашата држава се инсталирани и неколку мерни станици, кои го мерат нивното ниво, а веќе имаат и сугестија да се зголеми бројот на таквите мерни станици како за езерата, така и за изворите за вода за пиење во земјава.

– Како земја сме свесни за климатските промени и се разбира дека соодветно ќе мора да реагираме на тоа. Имајќи предвид дека имаме и многу сува зима, немаше никакви врнежи, ниту од дожд, ниту од снег, морам да кажам дека треба да изнајдеме начин да работиме заедно со сите инволвирани институции, а прво со Министерството за земјоделство со цел да направиме планови, како да се помине летото. Затоа што имајќи предвид каква зима имавме не очекува и сушно лето, вели Нуредини.

Би можело да ве интересира

Беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“, тешко оди неговото локализирање

„MEET Преспа”– фестивал што ги обединува културите во регионот утре во Пустец

А1он

Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под контрола

А1он

Легендарниот германски актер и режисер Брајан Мајклс добитник на наградата за животно дело Актер на Европа 2025 на Интернационалниот театарски фестивал во Преспа

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он