Нуредини: Тие кои живеат во предели со поголемо аерозагадување, имаат зголемен ризик за предвремена смрт од Ковид-19

Од:

Луѓето кои што живеат во предели кои имаат искусено поголемо аерозагадување се соочени со зголемен ризик за предвремена смрт од Ковид-19, вели во интервју за МИА министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој напомена дека оваа теза неодамна ја изнел специјалниот известувач за човекови права и животна средина на ОН, Дејвид Бојд.

-Знаеме дека вирусот главно ги напаѓа белите дробови и аерозагадувањето ја влошува нивната состојба пропорционално на тоа колку се тие изложени на него. Дополнително, светските експерти го велат истото и мислам дека специјалниот известувач за човекови права и животна средина на ОН, г. Дејвид Бојд, предупреди дека луѓето кои што живеат во предели кои имаат искусено поголемо аерозагадување се соочени со зголемен ризик за предвремена смрт од Ковид-19, вели Нуредини за МИА.

Нагласува дека тој ја информира Владата за ова, но за жал, како што потенцира: „Не можеме да го смениме минатото, но може да се мисли на иднината при креирање на политички за заштита на животната средина“.

Полицискиот час го намали аерозагадувањето, забележано е намалување на нивоата на азотен диоксид и сега Министерството за животна средина и просторно планирање има подобар увид за тоа колкав удел има транспортот во аерозагадувањето. Сепак загадувањето е поврзано и со температурите и начинот на кој се врши затоплувањето на домовите и јавните објекти.

Нуредини во интервјуто за МИА даде одговор на прашањето како мерките кои се воведени поради коронакризата, а кои всушност го ставаат на пауза досегашниот начин на живеење се одразуваат врз загадувањето кај нас, со оглед на тоа што значителен пад до 50 отсто има во градови како Мадрид, Барселона, Милано.

-Успеавме да ја увидиме разликата со и без транспорт, односно со намалувањето на бројот на возилата на коловозите, а знаеме и дека некои од големите инсталации не работат со полн капацитет. Сепак, додека ги вршевме анализите на податоците, забележливо беше дека вообичаениот тренд е поврзан со температурата и времето кога луѓето се дома. Што не доведува до прашањето за важноста на градењето на гасоводната мрежа и потребното понатамошно инвестирање во централно греење во големите градови, за да се избориме со тој дел од загадувањето кој се должи на загревањето на нашите домови и јавните згради, истакнува Нуредини за МИА.

Иако вели поради коронакризата и справувањето со неа е во прв план, а загадувањето не е толку присутно во медиумите, сепак тоа не значи дека не треба да го гледаме како приоритет за нашата земја.

-Мораме да продолжиме да работиме на подобрување на квалитетот на нашиот воздух во текот на целата година. Како што сме сите свесни, за жал нема брз лек. Мораме да го продолжиме и да го интензивираме процесот на подобрување на енергетската ефикасност на нашите домови и јавни згради, да ги унапредиме методите за транспорт и да се осигураме дека индустријата ги почитува правилата и регулативите, а сето тоа бара време и многу инвестиции, нагласува министерот за животна средина.

Смета дека ефикасната тимска игра, која сега Владата ја покажа во справувањето со Ковид-19 може да послужи како пример во понатамошното решавање на проблемот со аерозагадувањето и воопшто во заштитата на животната средина.

-Она што треба да го направиме е да ги засилиме капацитетите на Министерството со повеќе експерти, да посветиме повеќе средства за животната средина и да дејствуваме сега за иднината. Во моментов Министерството работи на политики, но истовремено делува како агенција за предмети и дозволи. Мораме да креираме агенција за животна средина која ќе се занимава со ова, за да може Министерството да се концентрира на политиките и потребните инвестиции за да се заштити природното богатство кое треба да го оставиме на нашите деца, вели Нуредини за МИА.

За третманот на отпадот во време на епидемија, како се третира медицинскиот отпад и отпадот од лицата во самоизолација, за контроверзите околу користењето на РДФ како алтернативно гориво, за екстралесното гориво, кое исто така според сите критики во јавноста ќе излезе дека е сериозен бизнис, но и за тоа колку користењето на инверторите е всушност еколошка мерка или вртење во круг говореше министерот Нуредини во интервјуто за МИА.

Тој се осврна и на неговата досегашна работа на министерската позиција, за влијанието на актуелната здравствена криза и извесната претстојна финансиска криза врз животната средина во земјава, за тоа колку неговата банкарска професија му помага или одмага на сегашната позиција. Нуредини во интервјуто за МИА, кое целосно ќе биде објавено утре одговара и на прашањето дали ќе се кандидира за нов мандат.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски