Нуредини: Се наоѓаме на клучна точка на одлучување и фундаментална структурна промена кон претстојната зелена транзиција

Од:

Министерот Нуредини имаше излагање на панелот на Европската банка за обнова и развој „Изгледи за чиста енергија за Балканот и Источна Европа“ организирана во рамки на Регионалната конференцијата за перспектива за чиста енергија, што вчера и денес се одржа во Истанбул во организација на Атлантскиот совет во Турција и Глобалниот енергетски центар на Советот, а во партнерство со Европската банка за обнова и развој.

Конференцијата овозможи владини претставници, претставници на деловните и научните заедници да разговараат за чисти, безбедни и одржливи енергетски политики.

Министерот Нуредини се осврна на трасираните национални политикити за енергетска транзиција кон користење на обновливи извори на енергија, на зацртаните амбициозни климатски цели за декарбонизација, како и на предизвиците за обезбедување на финансии за нивна реализација, особено во услови на глобална енергетска криза. При тоа Нуредини истакна дека по Глазгов, на владино ниво е усвоен многу важен плански документ – национален интегриран план за енергија и клима. Со ова, заедно со нашата Долгорочна стратегија за климатска акција и националната енергетска стратегија, се поставија јасни долгорочни и среднорочни цели за постигнување на декарбонизиран развој и раст на кој се гледа како на можност и за социјален раст.

-Го проценивме потенцијалот за создавање зелени работни места, што докажува дека еколошките и климатските цели можат да одат рака под рака со економските цели, рече Нуредини укажувајќи дека нашата држава заедно со другите држави од Западен Балкан се наоѓа на клучна точка на одлучување и фундаментална структурна промена во врска со претстојната зелена транзиција, дека државите стануваат посвесни за неопходноста и придобивките од транзицијата кон чиста енергија, а зголемувањето на употребата на обновлива енергија ќе овозможи да се исполнат климатските цели, да се подобри енергетската безбедност и да се намалат трошоците за електрична енергија за потрошувачите.

Конференцијата е во организација на Атлантскиот совет во Турција и Глобалниот енергетски центар на Советот, а во партнерство со Европската банка за обнова и развој.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари