Нуредини: Регионалната соработка ќe го олесни одржливото управување со отпадот

Од:

Предизвиците во управувањето со отпадот беа во фокусот на министерскиот состанок за животна средина во Трст, Италија, на кој присуствуваше министерот за животна средина просторно планирање, Насер Нуредини на покана на генералниот секретар на Централната Европска Иницијатива Роберто Антонионе и министерот за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора Ратко Митровиќ, во име на црногорското претседателство со Централната европска иницијатива (ЦЕИ).

Како што информираат од МЖСПП, на средбата, министерот Нуредини ја презентирал новата легислатива и државна стратегија за воспоставување на регионалните системи за управување со отпад ориентирани кон циркуларната економија. Тој ја истакнал потребата за соработка на регионално ниво за развој на преработувачките и рециклирачки гранки во управувањето со отпадот, како и иновативните пристапи во користењето на секундарните суровини, како и придобивките на економијата од обем и размената на знаења и добра пракса.

Сесијата фокусирана на оваа тема била затворена со усвојување заедничка изјава за соработка во одржливото управување со отпадот во ЦЕИ регионот.

Втората сесија е посветена на управувањето и заштитата на водите, а посебно односите помеѓу земјите кои делат прекугранични водни тела, промоцијата на одржливиот развој и градењето на отпорност на општествата и животната средина.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари