Нуредини: Работиме континуирано на зачувувањето на пределската разновидност и биодиверзитетот во државата

Од:

Работиме континуирано на зачувувањето на пределската разновидност и биодиверзитетот во државата, а во изминатиот период одбележавме и низа достигнувања на ова поле, порача министерот за животна средина Насер Нуредини во неговата изјава по повод одбележувањето на 5 јуни – Денот на животната средина.

-Драго ми е што светот оваа година го одбележува 5 Јуни, Денот на животната средина, во знакот на природата. Нашата држава изобилува со природни реткости, ја имаме среќата да сме обдарени со богат биодиверзитет, но истовремено имаме и обврска да го зачуваме, вели Нуредини.

-Останува да продолжиме со сериозни напори за остварување на заштитата и одржување на фокусот кон овие активности, зашто сега повеќе од било кога: Време е за природата!, додава Нуредини во изјавата.

Под мотото „Време е за природата“ (#ForNature) денеска се одбележува Светскиот ден на животната средина 5 јуни кој е значаен меѓународен ден за подигнување на свеста за зачувување на животната средина кој пак се одбележува од 1974 година.

Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) како и многу невладини организации, заедници и влади во повеќе од 150 држави во светот годинава овој ден го одбележуваат со различни онлајн настани, а домаќин на официјалната манифестација годинава е Колумбија во соработка со Германија. Годинава во фокусот е биодиверзитетот којшто бара итна заштита но и е од витално значење за опстанокот на човекот.

Би можело да ве интересира

Нова прoектна активност за одржливо користење на дивите видови растенија

Ана Ололовска

Компанијата Млечна Индустрија ги отфрла обвинувањата за наводно труење на риби во река Брегалница во Делчево

Ана Ололовска

Активности за подобро управување со природните ресурси, се изработуваат нацрт планови за Шар Планина и Охридското Езеро

Ана Ололовска

Нула отпад со истражувачки екопредизвик за заштита на животната средина

Ана Ололовска

Планинари од Куманово реагираат дека се сече шума кај водопадот во Длабочица

А1он

Министерство за животна средина: Изработена е студија за валоризација на заштитеното подрачје парк-шума „Водно“

Ана Ололовска