Нуредини: Првиот контејнер со контамирана земја од ОХИС замина за Германија

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини направи обиколка на локацијата во Охис каде што е спакувана контаминираната земја со HCH од малата депонија. По комплетирањето на сите потребни дозволи за извоз на земјата, компанијата Polyeco денес го започна транспортот на 126 тони земја контаминирана со HCH, која е спакувана во 7 контејнери.

Крајна дестинација на контаминираната земја е Германија, каде ќе биде испорачана во постројка лиценцирана за третман на ваков тип на отпад. Со тоа завршуваат активностите во кои како имплементациона агенција учествуваше UNIDO. Во реализацијата на вториот лот е вклучена имплементационата агенција UNOPS со средствата обезбедени во Повеќе-партнерскиот фонд за животна средина и веќе се ископани, спаковани и транспортирани до крајната дестинација за уништување 480 тони на HCH отпад од вториот лот, известува Министерство за животна средина и просторно планирање.

Во наредниот период се очекува да започнат активности за чистење на третиот лот за што во завршна фаза е евалуацијата по огласот за избор на изведувач за чистењето и се очекува во најскоро време постапката да заврши и избраниот изведувач да потпише договор со UNOPS.

Досега вкупно се ископани, спаковани и извезени 960 тони на HCH отпад од првиот и вториот лот, од кои 480 тони се веќе спалени, соопшти Министерство за животна средина и просторно планирање.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари