Охридскиот регион го задржа статусот на Светско културно и природно наследство на УНЕСКО

Од:

Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура на 44-тата пленарна сесија што се одржува во Кина денеска донесе одлука на Северна Македонија и на Албанија да им се даде дополнителен рок да постапуваат согласно препораките на Реактивните мисии на УНЕСКО, со што Охридскиот регион не е поместен на Листата Светски културни и природни богатства во опасност.

dobivaj vesti na viber

Усвоените измени на нацрт-одлуката предложени од работната група значат бришење на одредбата што предвидуваше поместување на Охридскиот регион на листата загрозени вредности, како и корекции во дел од одлуката со прецизно дефинирани дополнителни рокови за постапување по препораките и строг надзор на активностите.

На одлуката и претходеше дополнителна тридневна расправа на Комисијата за светско наследство со комисиите на БиХ, Норвешка, Русија и на Бахреин за усогласување на спротиставените позиции по предлогот на БиХ да се даде рок од две години Северна Македонија и Албанија да ги исполнат препораките содржани во Извештаите на УНЕСКО.

Од име на македонската Влада пред Комитетот се обрати Министерот за животна средина Насер Нуредини, кој изрази благодарност што биле препознаени вложените напори и на двете држави им е одобрен дополнителен период за завршување на започнатите работи и потполно исполнување на добиените препораки. Посебна благодарност тој упати до Босна и Херцеговина и Руската Федерација за поддршката, како и на делегациите на Кина, Саудиска Арабија, Унгарија и Шпанија, но и до Австралија и Норвешка за, како што рече, конструктивните забелешки и совети.

-Драго ми ешто Охридското Езеро и регионот ќе имаат можност да го задржат својот статус и ќе имаме време за да ја комплетираме заштитата на ова неверојатно природно и културно светско наследство. Сепак, ова значи дополнителна одговорност, затоа сега е време навистина да работиме заедно и да се осигураме дека во иднина нема да се најдеме во ваква ситуација, рече тој, повикувајќи ги сите чинители, приватниот сектор, локалната самоуправа, сите граѓански организации и субјекти да се вклучат во заштитата на регионот со очекување на позитивен извештај во иднина.

Благодарност до БиХ за предложениот амандман со кој се пролонгира рокот за отстранување на забелешките на Реактивната мисија на УНЕСКО упати и Република Албанија, чиј претставник укажа на потребата да се стори повеќе, подобро и побрзо во адресирањето, идентификувањето и препознавањето на квалитативните страни, но и на слабостите на прекуграничното наследство.

-Апсолутно сме свесни дека само со координирано делување и прецизни временски рокови ќе ги решиме сите идентификувани проблеми и подготвени сме да работиме заедно со УНЕСКО и надзорните тела на светската организација, посочи албанскиот претставник.

Можност да се обрати пред Комитетот имаше и претставник на неформалното еколошко движење „Охрид СОС“ кој изрази отворено негодување, со забелешка на тоа што им е ускратена можноста да се обратат пред да биде донесена одлука.

-Во 2019 година со вашата одлука за Охридскиот Регион овозможивте дополнителни две години бетонирање на брегот на Охридско Езеро, дополнителни две години влевање гнасотии во неговите води и дополнителни две години трупање отпад во супстандардните депонии во неговиот слив. Истовремено прифативте дополнителни две години изговори, одложувања, лажирање, заблуди и кревки планови што обезбедуваат заштита само на експлоатацијата на регионот. Оваа исклучителната универзална вредност му припаѓа на целото човештво. Кога ќе сфатите дека со овие ваши постапки губите и вие?, рече претставникот на „Охрид СОС“.

Статусот Светско природно богатство заштитено од УНЕСКО Охридското Езеро го стекна во 1979 година. Една година подоцна и Градот Охрид беше додаден на списокот заштитени културно-историски вредности, така што Охридскиот регион стана едно од само 38-те мешовити природни и културни подрачја во светот признаени и заштитени од УНЕСКО. Во 2009 година беше покрената иницијатива за впишување и на албанската страна на езерото и крајбрежјето под капата на УНЕСКО, така што десет години подоцна во 2019 година регионот беше проширен на двете страни од езерото опфаќајќи вкупна површина од 94,7 хектари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еден од најпознатите турски кошаркари ужива во родниот Охрид

А1он

Бектеши: Сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница

А1он

УНЕСКО: Повеќе од 150 објекти од културата во Украина делумно или целосно уништени

Катерина Павлова-Николовска

Вучиќ од манастирот Свети Наум во Охрид: Местото каде е создадена кирилицата

Посебен режим на сообраќај на подрачјето на Охрид

А1он

Украдени солзавци и шок бомби од магацин на полицијата во Охрид