Нуредини: Кочанската фабрика „Пејпер Мил“ ќе стартува со производство кога ќе ги исполни обврските

Од:

Фабриката за хартија „Пејпер Мил“ во Кочани ќе стартува со производството, само доколку ги исполни условите кои им се дадени, порача денеска од Штип, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Последниот инспекциски надзор пред два месеца од Државниот инспекторат за животна средина покажа дека гасовите кои излегуваат од фабричкиот оџак на кочански „Пејпер Мил“ ги имаат надминато граничните вредности на прашина и и јаглероден моноксид. Поради тоа Државниот инспекторат за животна средина и наложи на кочанската фабрика за хартија да работи само на плин и да престане да го користи котелот за пелети, како и да се постави нов филтер и загадувањето да се намали под граничните вредности. Раководството на бугарската фабрика за хартија, кон средината на јануари, оваа година одлучи производството да се прекине, а ќе стартува кога ќе се постави филтерот.

Прашан за реакциите на жителите на Кочани и Пробиштип за изградба на мини хидроцентрали на реките Мала Река и Шталковица, Нуредини со одговор дека ги слушаат реакциите на граѓаните.

– Ние како Влада треба да ги почитуваме договорите, кои се потпишани во минатото. Градоначалникот треба да седне заедно со граѓаните и да ги разгледа, уште еднаш овие прашања и да ни пратат ново мислење, доколку има поинакво мислење, тогаш ќе седнеме и ние ќе го смениме и нашето решение, вели Нуредини.

Основното јавно обвинителство од Кочани покрена постапка за постапката околу хидроцентралата на Мала Река. Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев вчера истакна дека целата документација која се бара од нив ќе биде доставена до обвинителството и смета дека иницијативата на невладините организации за референдум е легитимна. Локалната власт и граѓаните за изградбата на оваа мини хидроцентрала дознаа лани во септември, откако инвеститорот почна со сечење на дрвјата на местото каде ќе биде овој објект.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари