ВИДЕО: Нуредини избега од новинарите, немал време да одговара за загадувањето

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, не сакаше да одговара на новинарски прашања поврзани со загадувањето. Даде куса изјава на англиски јазик пред почетокот на настанот за промоција на извештајот за третиот преглед за извештајот на состојбата со животна средина.

При тоа наброја неколки мерки кои се дел од стратегијата за загадувањето.

„Повикувам на трпение, ова е комплексен проблем. Сите ресурси се насочени кон спречување на загадувачите, особено недозволеното палење ба огновите. Работиме и на проверка на дозволите за фабриките. Знаете дека гасификацијата е долгорочна мерка на која работиме и со која ќе се намали загадувањето“, рече Нуредини.

Кога новинарите почнаа да поставуваат прашања, министерот Нуредини рече дека немало време и требало да биде точен на настанот.

„Настанот треба да започне, ве молам да го проследиме извештајот“, рече Нуредини на англиски.

Неговиот претходник Садула Дураку, скоро и да не се појавуваше во јавност, а Нуредини пак избегнува да дава одговори на прашања поврзани со еден од најголемите проблеми, аерозагадувањето.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС