Нуредини и Захариева: Иднината на животната средина е во рацете на нашите деца

Од:

Mинистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини заедно со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ се приклучија на учениците од ОУ „Димитар Миладинов“ во засадување на дрвни садници во дворот на училиштето.

Со тоа се означи почетокот на проектот „Иднина без пластика“ во кој ќе се развиваат позитивните навики кај најмладите во однос на правилното однесување и грижата за животната средина бидејќи тие се нашата иднина.

Со тоа се упати силна порака за подготвеноста грижата за животна средина да се постави високо во политичката агенда на регионалната соработка.

Настанот се организираше во пресрет на одржувањето на Состанокот на министерите за надворешни работи на земјите кои учествуваат во Берлинскиот процес од Европската Унија и Западниот Балкан, со кој ќе се означи почетокот на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес на Северна Македонија и Бугарија за 2020 година.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари