Нула отпад со истражувачки екопредизвик за заштита на животната средина

Од:

Во услови на пандемија на коронавирусот, организацијата Нула отпад својата едукативна мисија ја продолжи преку дигитална едукативна кампања „Безбедни во изолација со супер екоедукација”.

Со оваа кампања Нула отпад ги предизвикува децата од прво до деветто одделение да бидат екоистражувачи во дадената тема, да следат конкретни насоки за истражување, со цел да дојдат до најдобро екорешение.

Доколку едукативната кампања е успешна и пристигнат минимум 20 видеопораки за истражувачкиот екопредизвик на следната e-адреса: [email protected], Нула отпад најдоброто екорешение и видео според оценувањето на стручното жири ќе го награди со главна награда електричен тротинет.

Сите останати учесници ќе добијат екодипломи за значаен придонес во заштита на животната средина од опасниот отпад.

Рок за испраќање на видеата, како што наведуваат во соопштението, е 15 јуни. Прогласување и објава на најдоброто видео со најдобро екорешение и најдобра екопорака ќе се случи на 20 јуни од страна на стручно жири од Нула отпад и соработниците на кампањата.

Како што соопштија од Нула отпад, првиот предизвик поминал со голем интерес и успех, и дал значаен придонес во подигнување на јавната свест за селекција и рециклирање е-отпад и отпадните батерии. Заради големиот интерес, Нула отпад одлучил да продолжи со својата дигитална едукативна кампања со втор истражувачки екопредизвик.

Оваа едукативна кампања е поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за образование и наука, делегација на Европската Унија и Македонската асоцијација за управување со цврст отпад.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари