НСДП бара опозицијата да предложи друг министер за внатрешни работи во техничката влада

Од:

Пратениците на НСДП нема да гласаат за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, армиски полковник да биде министер за внатрешни работи во техничката влада, доколку тој предлог дојде пред Собранието, соопшти пратеничката на оваа партија Соња Мираковска.

Таа побара од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да номинира ново решение.

Мираковска изјави дека прво не постои ниту едно правно толкување, според кое, уставната одредба дефинирана во членот 97 може да се измени.

– Дискусијата за наводни преседани е неодржлива, несериозна и го доведува во прашање уставниот поредок на Република Северна Македонија. Инсистирањето воено лице да раководи со МВР ќе ја засили перцепцијата на јавноста дека Христијан Мицкоски е уплашен од изборните резултати и не сака соочување со гласачите на 12 април, рече Мираковска.

Не навлегувајќи во биографијата на Драган Ковачки, додаде таа, сметаме дека е недозволиво оној што ќе има обврска да го штити Уставот, законите и безбедноста во наредните сто дена до изборите да биде избран со кршење на Уставот.

– Апелираме до опозицијата да не се обидува да ја држи земјата во заложништво. Знаеме дека вистинската кадровска политика се води во Будимпешта, но се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ се уште има сила и разум да го разубеди Мицкоски во неговите намери да ги опструира изборите, рече Мираковска.

Сепак, таа верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов кандидат.

Во однос на законот за ратификација за НАТО, Мираковска вели дека тоа не треба да се случи предвреме и дека треба да има некој ред и да пристигнат сите ратификувани договори, па потоа ние да го сториме тоа.

Би можело да ве интересира

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски: СДСМ ќе гласа согласно предлогот на Владата и ставот на пратениците на Алијанса

Ковачевски: Ќе биде светски феномен влада што е задолжена за да организира избори успее да падне

Лефков: Ковачевски и СДС за да продолжат со криминал го направија командант Форина премиер на Македонија, а сега го молат ДУИ за заеднички листи