Новото решение за дивоградбите ќе реши многу прашања и проблеми, вели Бочварски

Од:

Во тек е креирање на нов Закон за легализација на дивоградби, порача денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на пуштањето во употреба на експресниот пат Штип-Радовиш.

Посочи дека како Влада го повлекле старото законско решение, со цел да разговараат заедно со стручната фела, политичките партии и граѓаните, со цел да се донесе ново и најдобро законско решение.

-Со тоа ќе решиме голем број на прашања и проблеми, така што се работи веќе на дополнителни консултации, се креира новото законско решение кое што ќе биде поднесено во Парламентот повторно на изјаснување. Очекувам голема поддршка во Собранието, а не блокади заради тоа што блокадите не не водат никаде. Паралелно со ова очекувам поддршка и за измените во Законот за урбанистичко планирање којшто вчера беше блокиран од страна на опозицијата, а таа блокада значи да останеме на принципот на избор на планерска куќа за еден денар што ни се случува во центарот на Скопје и после што имаме нервози во јавноста, вели Бочварски.

Забележа дека измената на Законот за урбанистичко планирање е по тарифник кој овозможува избор на најповолни изведувачи или планери на урбанистичките планови, а со тоа, како што вели, ќе се спаси фелата.

-Тоа е големото барање на архитектите. Е тоа беше блокирано вчера од страна на опозицијата и еве барам уште еднаш – ќе дискутираме, ќе дебатираме за сите прашања и нема да бегаме од ништо, но бараме решенија, а не блокади во државата, вели Бочварски.

Прашан дали како Влада ќе дозволат да никне уште една населба на Водно, над скопската населба Козле, Бочварски со одговор дека прашањето треба да се адресира на општинските власти и на град Скопје.

-Приоритетите во дел на урбанизмот, урбанизацијата, па развојот на општините и градовите го водат токму локалните самоуправи и согласно тие нивни приоритети, предлози и планови се прави и иден развој на тие општини. Така што нивни се плановите, нивни се решенијата и сите тие одат во Советите на општините, а не во Владата, порача Бочварски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бочварски: ДПМНЕ неосновано ја обвинуваше СДСМ за изградба на коридорите

„Се продава културно заградено место до река“: Жител во дивата населба на Бабуна продава плац кој не може да се легализира

A1on

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Бочварски: Драго ми што го решивме станбеното прашање на семејството Грозданов од Кочани, ова е заедничка акција на општеството

Бочварски – Рустеми: Коридорот 8 е стратешки проект, пратениците да го изгласаат законот за доизградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО