Ново судење за Сеад Кочан – ќе се изведуваат доказите

Од:

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за бизнисменот и сопственик на ТВ Нова, Сеад Кочан, за Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, тројцата обвинети за нелегално добиен тендер од 17 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола. Денеска се очекува да бидат изведени доказите.

Кочан, Авировиќ и Ватиќ, како и претставниците на претпријатијата „Транс Мет“, „Силекс Неметали“ и „Вато“ на минатото рочиште се изјаснија дека не се виновни. Обвинителот, Гаврил Бубевски рече дека ќе докажат дека со невистинити документи, во случајот биле погазени принципите на здравата конкуренција и дека биле изиграни правилата на јавните набавки.

Обвинителот Артан Ајро, им ги предаде на одбраната сите докази за случајот, освен незаконски прислушуваните разговори, кои ги има само Судот.

Судијката Лидија Трајковска Зимбовска закажа уште две рочишта до крајот на ноември и 4 термини за судење во декември.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он