Ново рочиште за „Титаник“

Од:

Ново судско рочиште денеска треба да се одржи за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, што се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности.

Во „Титаник“, што е прв случај обелоденет од СЈО, обвинети 21 лице, меѓу кои и поранешните функционери Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Одбраната на претходното рочиште побара од Судот да ги одложи закажаните рочишта за овој месец, со цел да направат увид во списите на предметот.

Од СЈО беа против и сметаат дека предлогот на одбраната е со цел да се одолговлечи постапката.

Судијата Осман Шабани на 2 април го одложи судењето за овој предмет за десет дена, со цел одбраната да изврши увид во доказните материјали.

За овој месец за предметот „Титаник“ покрај денешното закажани се уште две рочишта, а за во мај уште пет.

Би можело да ве интересира

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото