Ново рочиште за случајот „Плацеви на Водно“

Од:

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“, во кое првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

Екс премиерот Груевски е во бегство во Будимпешта, а Мијалков и Камчев се во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари каде издржуваат мерка притвор. Останатите обвинети, пак, се со полесни мерки на претпазливост.

Би можело да ве интересира

Адвокатите на Камчев откако одби прегледи на државно: Тој има право да одлучи каде ќе се лекува

Кристијан Ландов

Изведени материјални докази на рочиштето за предметот „Плацеви на Водно”

Со изведување на докази од обвинителството продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“

А1он

Одбиено барањето на одбраната за изземање на обвинителката Стефанова од случајот „Плацеви на Водно“

Ана Ололовска

Продолжуваат судењата за „Таргет-Тврдина”, „Титаник“ и „Плацеви на Водно“

Одбраната во „Плацеви на Водно“ бара укинување на притворот за Камчев или замена со куќен притвор

Ана Ололовска